Wednesday, May 27, 2020

thumbnail

Историја 9 одд. Самостојна и независна Македонија

Самостојна и независна Македонија

Цели на часот:
- Да знаат за начинот на осамостојување на РМ
- Да знаат за промените во политичкиот и економскиот систем
- Да знаат за меѓународните односи и меѓународната положба на РМ

Распаѓање на СФРЈ

- Процес на распаѓање на заедничката држава (СФРЈ - крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на XX век) и создавање на нови самостојни и суверени  држави
- Самостојност и независност прогласија Словенија и Хрватска 

Спроведување на повеќепартиски избори

- Првите повеќепартиски избори се реализираат во есента 1990 г. кога беа избрани 120 Народни пратеници во Собранието на Република Македонија
- Во Собранието со свои пратеници најзастапена беше партијата на ВМРО-ДПМНЕ, потоа
СДСМ, ПДП, ЛДП

Прогласување на самостојна и независна Македонија

- Избрана нова Влада
- Донесена  Декларацијата за самостојност и независност на Република Македонија, со која Македонија се одвои од Југословенската федерација како израз на народната волја
- На  8-ми септември 1991 г. се одржа  Референдум за граѓаните на Република Македонија
Со тајно гласање тие се изјаснија за самостојна и независна Македонија
- На 17-ти ноември 1991 г. Собранието на Република Македонија го донесе Првиот Устав на самостојна и независна  Македонија - предвидени се големи општествени и економски промени 
- Наместо општествена сопственост се воведува приватна сопственост
- Се воведува пазарна економија
- Уставот на Република Македонија гарантира поголеми права и слободи на граѓаните и со него сите се рамноправни

Република Македонија е суверена независна и демократска држава заснована на принципот повеќепартиски (плуралистички) систем на уредување



                                             
                      Киро Глигоров - Прв Претседател                 Никола Кљусев - Прв Премиер на 
                             на самостојна Македонија                      Владата на самостојна Македонија


Домашна задача: Да се одговорат прашањата од учебникот на страна 142
- Да се истражи за: Референдумот за сувереност и самостојност на Македонија 

Изработените задолженија да се испратат на kate.avramoska@live.com



Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.