Образование, наука и култура
Цели на часот:
- Да знаат за достигнувањата во сверата на образованието
- Да знаат за најважните научни институции
- Да знаат за достигнувањата во областа на културата
Создавањето на македонската азбука и кодификација на македонскиот литературен јазик
- На Првото заседние на АСНОМ од 2 август 1944 г. било донесено решение за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава
- Президиумот на АСНОМ и министерството за просвета донесле привремена азбука од 25 букви (има значајна улога за описменувањето на населението и во училиштата кои се отвараале на слободна територија)
- Форкирана Комисија за јазик и правопис - имала за цел да ја подготви македонската азбука
- На 3-ти мај 1945 г. Владата на Народна Република Македонија донесла решение за македонската азбука (31 буква)
Организација и развој на образованието
- По војната Македонија била заостаната на просветно-културен план. Според податоците
70% од населението во Македонија било неписмено
- Во Македонија е организирано задолжително основно образование - во почетокот било четиригодишно, а од 1945г. станало задолжително осумгодишното образование
- Задолжителното образование се изведувало и на јазиците на националните малцинства во Македонија
- По ослободувањето се отвориле училишта за средно образование
- Во 1946 г. во Скопје се основал Филозофскиот факултет, а една година потоа се основал
Медицинскиот и Земјоделско-шумарскиот факултет
- Во 1949 г. основан Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје
- Во 1979 г. се основал Универзитетот во Битола
Филозофски факултет - Скопје
Развој на науката, културата и литературата
-1948г. формиран е Институтот на национална историја, а потоа Институтот за македонски јазик и Институтот за фолклор
- Во 1967 г. се основа Македонската академија на науката и уметноста
- Истакнати поети биле: Ацо Шопов, Славко Јанески, Блаже Конески, а од областа на прозата значаен придонес дале раскажувачите: Стале Попов, Владо Малевски, Славко Јаневски, Јован Бошковски, а во драмското творештво се истакнале Ристо Крле, Васил Иљоски, Антон Панов, Коле Чашуле
- Во првите години по ослободувањето се формирало Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а најпознати творци биле Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман
- 1946 г. се развива Музејот на современата уметност во Скопје
- 1945 г. во Скопје се основал Македонскиот народен театар, а следната година се формирал и Драмскиот театар
- 1947 г. основан е Вардар Филм - започнале снимања на играни филмови
- На 29-ти октомври 1944 г. почнал да излегува весникот Нова Македонија, работи и Радио Скопје, а од 1964 г. и Телевизија Скопје
Домашна задача: Да се одговорат прашањата во учебникот на страна 147.
- Да се изработи проект: Кои високообразовни институции денес функционираат во Македонија?
Изработената домашна задача да се испрати на kate.avramoska@live.com
May 28, 2020
Tags :
Историја 7 одд
,
Историја 8 одд
,
Историја 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments