Општествено-политички и економски прилики во Македонија
Цели на часот:
- Да знаат за најважните мерки на стопанската политика и нивните последици за економскиот развој на Република Македонија
- Да знаат за етапите на развојот на политичкиот систем до 1991 год.
Општествено-економски развиток на Македонија (1946 - 1963)
- Економскиот развој на Македонија се базирал врз државаната сопственост, која ја заменила приватната
- Биле одземани имотите на фамилиите кои соработувале со окупаторот и се здобиле со големи материјални и парични средства
- Со политика на експропријација од богатите сопственици бил одземан имотот во интерес на народот
- Закон за национализација во 1946 г. во Македонија - спроведена национализација на претпријатијата и фабриките
- Аграрна реформа и колонизација - земјата им се одземала на големите земјопоседници и им се давала на обработка на земјоделците
Колективизација и воведување социјалистички односи во селата
- 1949 г. спроведување на колективизација во Македонија - создадени селски работни задруги и
колективи
- Целта била обработка на колективниот имот - заздравување на социјалистичките односи
- Колективизацијата не ги дала очекуваните резултати - овој систем по 3 години бил напуштен
Стопански развој на Македонија
- 1945 год. во Македонија постоеле 140 индустриски објекти
- Индустриското производство било организирано во мали погони и занаетчиски работилници
- 1945-46 г. - градба на нови индустриски капацитети посебно во текстилната и метало - преработувачката индустрија
-Позначајни претпријатија од овој период се комбинатите: Тетекс, Македонка
- Од металските претпријатија: Металски завод Тито од Скопје, претпријатието 11 Октомври
ОХИС, Алкалоид, Пивара, Треска, РЕК Битола
- Значајни стопански гранки во Македонија биле трговијата, угостителството и туризмот
- Политичкиот систем бил заснован на самоуправување
-Во деведесетите години на минатиот век се формираат повеќе политички партии и
започнува повеќепартискиот или плуралистички период во Македонија
Тетекс - Тетово
Домашна задача :
Да се одговарат прашањата од учебникот на страна 139 и да се направи истражување за -
Навлегувањето на плуралистичкиот живот во Македонијa
Изработените задачи да се испратат на kate.avramoska@live.com
May 26, 2020
Tags :
Историја 8 одд
,
Историја 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments