Thursday, May 28, 2020

thumbnail

Видови на речници

      На стр. 45 од учебникот има лекција со наслов „Видови речници“. Прочитајте за видовите на речници тука, но би сакал да ви обрнам внимание на неколку работи што се разликуваат од напишаното во учебникот:
      Во принцип, имаме два вида на речници: енциклопедиски и лингвистички.

      Енциклопедиските речници даваат исцрпни податоци за поимите од областа на нашиот живот и ги објаснуваат. Во енциклопедискиот речник ќе бараме некој збор ако ни е непознат и ако првпат слушаме за него. Пример за обработка (објаснување збор во енциклопедиски речник: експозе (од француски ј. expose) - извештај, излагање, прикажување на некоја состојба. На пример, извештај што некој министер го поднесува на собранието во врска со некое важно прашање.

      Лингвистичките речници ги објаснуваат речничките единици (зборовите) во врска со нивното значење, употреба и потекло. Така, за нас најважни лингвистички речници се еднојазичните (толковни) и повеќејазични (преведувачки) речници.
      Секој јазик има свој толковен речник во кој се собрани зборовите што се во употреба. Така и нашиот јазик има свој толковен речник што ги содржи нормираните зборови според правилата за употреба. 
      Пример за обработен збор од толковниот речник на македонскиот јазик, колку за илустрација и претстава како се обработува и се објаснува збор во толковен речник: 

рака 

мн. раце
Вид збор: Именка, женски род
Изрази
Изведенки
рачиште ср.
мн. рачишта

      Примеров е земен од дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик: http://www.makedonski.info
      Пример за обработен збор од повеќејазичен речник на македонскиот јазик, колку за илустрација и претстава како се обработува и се објаснува збор во повеќејазичен (конкретно двојазичен) речник: 
harvest (ha:vist) - жетва, берба, плод, летина; жнее, собира плодови.

За домашна равота: обработете по еден пример за збор во енциклопедиски и лингвистички (еден збор во толковен и еден во двојазичен речник.
(За утре, петок, 29 мај до 20ч. на e-mail boged@mail.com)



Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.