Призма и цилиндар. Плоштина и волумен.
Призмата и цилиндарот се 3Д форми (геометриски тела). Призмата е во групата рабести тела, а цилиндарот во група валчести тела.
Секоја призма и цилиндар имаат две основи (тоа се двете складни и паралелни 2Д форми) и бочна (странична површина)
цртеж1 (шестаголна призма) цртеж2 (цилиндар)
Под поимот права призма или прав цилиндар се подразбира призма (цилиндар) чии што основи се поставени под прав агол со бочните (страничните) површини.
Под поимот правилна призма се подразбира призма чии што основи се правилни многуаголници. Пример: правилен триаголник (рамностран), правилен четириаголник (квадрат), правилен петаголник, правилен шестаголник итн.
На следниот линк ќе проследите видео, во кое се претставени формулите за пресметување на плоштина и волумен на призма и цилиндар. Паузирајте го видеото кај формулите за плоштина и волумен на геометриски тела (3Д форми) и плоштина на геометриски фигури (2Д форми), препишете ги на посебен лист или на крајот (корицата) од тетратката за да ги имате во прегледност при решавање задачи.
Домашна работа: 1, 2, 3 и 4 задача (под а и б) и 5 и 6 под а) од учебникот на стр.251,252
Учениците кои сакаат повеќе да научат 7 и 8 од учебникот на стр.252,253
Учениците кои не можат да ги решат задачите зададени за домашна да ги пререшат примерите 1,2 и 3 на стр.249, 250, 251
May 06, 2020
Tags :
Математика 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments