Monday, June 8, 2020

thumbnail

Англиски јазик – Второ одделение - Revision Unit 8 - Ивана Самојловска

Повторување и утврдување - Revision Unit 8

13. Listen and number. Then listen and say.

Слушајте го аудио записот и напишете го точниот број во празното квадратче. Потоа слушајте го вториот дел и погодете кое е животното што го слушате.






14. Count and write.

Гледајте ја големата слика и во празните квадратчиња напишете го точниот број на животни кои ги има на фармата.



15. Listen and number. Then write.

Слушајте го аудио записот и напишете го точниот број во празните квадратчиња на сликата. А потоа на празните места под сликата, напишете ги дадените зборови за животни, според бројот кој го напишавте.






17. Draw and say.

Нацртајте го вашето милениче кое го имате или кое би сакале да го имате.



 · 

Wednesday, June 3, 2020

thumbnail

Англиски јазик – Прво одделение - Revision - Повторување - Ивана Самојловска

Revision - Повторување


(Целта на овој час е потсетување на изучените приказни. Станува збор за две изучени приказни: Cat, kittens, lost and found mittens и The three little butterflies.) 



Click on the title below to watch the story. (Кликнете на насловот за да ја гледате приказната).




Click on the title below to watch the story. (Кликнете на насловот за да ја гледате приказната).



Tuesday, June 2, 2020

thumbnail

Англиски јазик – Второ одделение - Practice: Animals and clothes - Ивана Самојловска

Practice: Animals and clothes.

11. Listen and tick or cross.

Слушајте го аудио записот и во празното квадратче обележете дали е точен описот или не.







12. Cut out (page 87). Then listen and play.

Go to page 87, cut out and write your names behind the cards. Then go back to page 65, listen the recording and play a game. (Отворете на страна 87, исечете ги сликичките и запишете го вашето име на задната страна. Потоа, вратете се на страна 65, слушајте го аудио записот и играјте игра.)




thumbnail

Историја 7 одд. Животот и културата во Македонија од XV до XVIII век

Животот и културата во Македонија од XV до XVIII век

Цели на часот: 
- Да знае за развојот и специфичностите на просветата, културата и уметноста во 
Македонија
- Да го сфати значењето на христијанската црква во Македонија во ширењето на просветата и културата
- Да знае за појавата и развојот на исламската култура во Македонија
- Да ги сфати обичаите и начинот на живот на обичниот човек

Писменост и литература

- Поважни книжевни центри во манастирите биле: Кратовскиот, Лесновскиот, Трескавечкиот и Слепченскиот книжевен центар 
- Во книжевните центри се негувал словенскиот јазик, со македонски народни обележја 
- Се пишувале ракописи со црковна содржина
- Манастирите биле центри на просветата и на црковните училишта - учители биле поповите и калуѓерите
- Во градовите имаало световни училишта
- Појава на печатарството
-Јаков од Камена Река (Каменица) во Венеција во XVI век го отпечатил делото „Часослов„
Христофор Жефарович од Дојран во 1741 г. во Виена го отпечатил делото „Стематографија„
-  Во исламските верски објекти најмногу се препишувал Коранот. Учители биле оџите

Архитектура

- Во Македонија се обновувале многу цркви и манастири
- Градовите биле опкружени со тврдини, а постепено се развивала градската архитектура
- Во градовите се граделе џамии и турбиња, амами (јавни бањи) за одржување на хигиената, чешми, анови за престој на трговците во градовите
- Во градовите имало и покриени пазaри - безистени, големи куќи - сараи на најбогатите 
граѓани



                                                              Св. Јован Бигорски


                                                             Шарена џамија - Тетово


Уметност

- Во манастирите се сликале фрески и икони
- Развиено копаничарство (резба во дрво)

Домашна работа: Во историскиот албум да се залепат слики од верски објекти 

Monday, June 1, 2020

thumbnail

Историја 7 одд. Положбата на Охридската архиепископија во Осмалиската држава

Положбата на Охридската архиепископија во Османлиската држава

Цели на часот:
- Да знае за положбата и односот на османлиската власт кон Охридската архиепископија
- Да знае за врските на Охридската архиепископија со европските и христијанските држави
- Да знае за укинувањето на Архиепископијата (1767) и последиците за македонскиот народ

Односот на Османлиската власт спрема Охридската архиепископија

- Со потпаѓањето на Македонија под османлиска власт Охридската архиепископија продолжила да постои како самостојна црква
- Во почетокот на османлиското владеење Охридската архиепископијс ги проширила црковните граници
- По големите територјални придобивки на Балканот, Османлиите го смениле односот кон Охридската архиепископија
- Повеќе цркви во Македонија биле преобразени во муслимански храмови - џамии
- Во XV век црквата Св. Софија, црквата Св. Пантелејмон биле претворени во џамии
- Во македонските цркви и манастири се негувал словенскиот јазик и македонскиот народен говор
- За да ја задржи самостојноста, Охридската архиепископија на султанот му плаќала големи даноци

                                                             Св. Софија - Охрид

Врските на Охридската архиепископија со европските земји

- Охридската архиепископија одржувала блиски врски со Цариградската патријаршија
- Охридските архиепископи се држеле до одлуките на Синодот на Охридскта архиепископија
- Членови на Синодот биле сите епископи од одделните епархии
- Охридските архиепископи се залагале за поголема самостојност на црквата и ја подржувале борбата против Османлиите - барале помош од европските земји
- Некои архиепископи се залагале за дадената помош на македонскио народ и за слободата на Македонија, Архиепископијата да ја прифати католичката вера

Укинување на Охридската архиепископија 1767 г.

- Со поткупи на османлиските власти Цариградската црква успеала да и одземе повеќецрковни области на Охридската  архиепископија
- Охридскиот архиепископ Арсениј на 17-ти јануари 1767 г. поднел  писмена оставка
- Охридската архиепископија била укината, а македонските цркви биле приклучени кон Цариградската патријаршија


Домашна задача: Каква е улогата на Охридската архиепископија во текот на XV и XVI век. Домашната задача да се испрати на kate.avramoska@live.com
thumbnail

Историја 7 одд. Карпошово востание

Карпошово востание

Цели на часот: 
- Да знае за причините и текот на Карпошовото востание
- Да ги  осознае причините за неуспехот на востанието и неговите последици
- Да го сфати значењето на ликот на Карпош

Погледнете го видеото за Карпошовото востание на следниов линк: 

https://www.youtube.com/watch?v=R0zQQdqgzPY



                                                                         Карпош


Домашна задача бр.1: 



Домашна задача бр.2: 

- Да се соберат историски податоци за Карпош
- Да се залепат слики во историскиот албум од Карпош и Карпошовото востание 

thumbnail

Историја 7 одд. Востанието на Скендер-бег

Востанието на Скендер-бег 

Цели на часот: 
- Да знае за животот и делото на Скендер-бег пред враќањето во Албанија
- Да знае за враќањето на Скендер-бег во Круја и за општото ослободително востание во 1443 година
- Да знае за соборот во Лежа и создавањето на Албанската лига (02.03.1444)

Потеклото на Кастриотите - младоста на Ѓерѓ Кастриот

- Семејството на Кастриотите по потекло било од Хас
- Дедото на Скендер-бег Пал Кастриот побегнал од Хас и станал господар на две села во долината на Црн Дрим (Сињ и Долни Град)
- Ѓон (Иван) Кастриот имотите на семејството ги проширил до Јадранско Море. На север  неговите имоти се граничеле со феудалните поседи на Дукаѓините, а на југ со Аријанитите и Топијците
- Кнежевството на Ѓерѓ Кастриот воспоставило политички врски со други албански кнежевства и со други земји
- Дубровничката и Венецијанската Република во триесетите години на XV век на Ѓон,
таткото на Ѓерѓ, му дале привилегии за неговите синови и право на државјанство
- Ѓон Кастриот и неговата жена Воислава имале четири синови и пет ќерки. Ѓерѓ бил
претпоследно дете и се родил 1405 г.
- По освојувањето на Кроја 1414-1415 г. Османлиите го принудиле Ѓон Кастриот да им го даде
Ѓерѓ како заложник.
- Ѓерѓ десет години учел Ич-огланово училиште кај Едрене. Тој се разликувал од другите деца, бил остроумен и научил неколку јазици. Таму го добил името Скендер, а за покажаните резултати добил титула бег (беј)


                                                                       Скендер-бег

Востанието од 1443 година

- На 3-ти ноември 1443 г. кај Ниш Османлиите биле поразени  од унгарските војски на чело со Јан Хуњади, а Скендербег ги напуштил Османлиите
- На 28-ми ноември го ослободил градот Кроја, а подоцна ги освоил тврдините Петрела и Стелуш

Лешанско собрание и создавањето на Албанската лига

- На 2-ри март 1444 г. во  црквата Св.Никола крај Леш се одржала првата средба на албанските кнезови
- На собранието учествувале  Скендер-бег, Ѓерѓ Аријанит, Андреја Топија со синовите, Ѓерѓ
Стрез, Балша, Никола и Пал Дукаѓини
- На собранието била усвоена декларација за здружување во сојуз меѓу владетелите од земјата
позната како Лешанска албанска лига 
- Водач на Лигата бил Скендер-бег

Домашна задача: Да се направи истражување за потеклото на Скендер-бег и да се испрати на kate.avramoska@live.com




Powered by Blogger.