Tuesday, March 31, 2020

thumbnail

МАТЕМАТИКА VII-2 одд.Графици на прави паралелни со х и y оска - Јулијана Ѓорѓиеска


                ДРАГИ УЧЕНИЦИ !

       Следнава лекција: ,,Графици на прави паралелни со x и y оска", одлучив да ви ја прикажам  преку  презентација  во  Power Point.


        Се  надевам  дека  истата  ќе  ви  се допадне  и со тоа самостојно и многу лесно можете да ја совладате лекцијата.

Презентацијата може да ја погледнете на следниов линк [LINK].


thumbnail

МАТЕМАТИКА VII-2 одд. ЛИНЕАРНА ФУНКЦИЈА - Јулијана Ѓорѓиеска







Почитувани ученици,

Наставниот лист за ЛИНЕАРНА ФУНКЦИЈА (кои ги работевме по VIBER) може да ги најдете на следниов линк [LINK]



thumbnail

4одд.Природни науки ОливераВелеска

                  Супер скелети -2час стр.100/101
На почеток повторите што запомнивте од она што го научивте за скелетот?
Доплни ги речениците
      1. Черепот го штити------------
       2.Рбетот го држи------------и ни овозможува да стоиме исправено.
       3.Градниот кош ги штити ---------и ----------
       4.Рбетот го штити------------
         ризница на зборови
срцето, мозокот, черепот,  рбетниот мозок, белите дробови 

   Постојат животни кои немаат скелет тие се викаат                                          Безрбетници
 за нив ќе научите нешто повеќе на следниот линк
     домашна активност
  *  за да ги проширите знаењата истражувајте  за други безрбеници направете постер на кој ќе ги прикажете, и одговоите ги прашањата во учебник на стр.101(најдоцна до 6.04.2020)
thumbnail

МАТЕМАТИКА VII-2одд. РЕШАВАЊЕ НА ТЕКСТУАЛНИ ПРОБЛЕМИ - Јулијана Ѓорѓиеска

Почитувани ученици,

Наставниот лист за РЕШАВАЊЕ НА ТЕКСТУАЛНИ ПРОБЛЕМИ (кои ги работевме по VIBER) може да ги најдете на следниов линк [LINK]

Решенијата на наставниот лист за РЕШАВАЊЕ ТЕКСТУАЛНИ ПРОБЛЕМИ може да ги најдете на следниов линк [LINK]

Користете ги решенијата за да направите споредба со вашите решенија.

thumbnail

МАТЕМАТИКА VII-2 одд. Решавање Линеарни Равенки - 1 - Јулијана Ѓорѓиеска

Почитувани ученици,

Наставниот лист за РЕШАВАЊЕ ЛИНЕАРНИ РАВЕНКИ (кои ги работевме по VIBER) може да ги најдете на следниов линк [LINK]

Решенијата на наставниот лист за РЕШАВАЊЕ ЛИНЕАРНИ РАВЕНКИ може да ги најдете на следниов линк [LINK]

Користете ги решенијата за да направите споредба со вашите решенија.




thumbnail

Географија за VI ОДД.

Состав и поделба на атмосферата

Линк состав и поделба на Атмосферата

Линк

Досегашната практика продолжува преку messenger да ми ги испраќате домашните


thumbnail

Математика за II Одд. - 3 Д Форми - опишување - Презентација и наставен лист - Јованка Новеска


На почеток, уште еднаш да се потсетиме :  Што се 3Д ? Потоа именувајте неколку 3Д форми. Во продолжение погледнете ја презентацијата за 3Д форми. Истата превземете ја на следниот линк. При следење на презентацијата, кога ќе дојдате до слајдот "Прашања и одговори", секое прашање ќе го препишете во тетратка, ќе го одговорите, а по секое прашање, на следниот слајд следи одговор (така ќе се самооценувате дали точно сте одговориле).
Потоа преминете на решавање на наставниот лист, притоа обрнете внимание т.е. читајте внимателно што се бара, за да одговорите успешно на барањата. Наставниот лист превземете го на следниот линк.

Наставниот лист може да го испечатите (или прецртате во вашите тетратки, како и досега).
По завршување на задачите, да се слика и да се испрати на мојот viber (како и досега) или на е-маил адреса jovankaarsenovska@yahoo.com

Потоа добивате моја повратна информација на сработеното (како и досега). Обрнете внимание на истата, внимателно прочитејте : што е сработено успешно, на што треба да обрнете поголемо внимание за да се појасни, а што грешите - за да вежбате повеќе и да се подобрите во иднина.

Ви посакувам успешна работа!


thumbnail

Македонски јазик за II Одд. - Дообработка на лектирата „Снежана“ - Наставен лист - Јованка Новеска


Да се потсетиме од минатиот час - Лектирата „Снежана“ претставува бајка (приказна во која има измислени ликови, како џуџиња,вештерки...)
  1. Снежана била преубава принцеза, на која токму нејзината убавина и предизвикала големи непријатности.
  2. *Тема на оваа бајка, за која раскажуваат писателите - браќата Грим: 
  3. „Често зависта, лошотијата и грубоста му се спротивставуваат на добрината, но доброто секогаш победува. 
  4. *Порака Доброто секогаш победува! Животот не е секогаш лесен и успешен, но сите ние мораме да се потрудиме, како Снежана,седумте џуџиња и принцот да го направиме поубав за другите ... и за себе..... 
  5. За дообработка на лектирата „Снежана“ ќе употребиме наставен лист со техника „Ѕвезда на приказната“. Наставниот лист на следниот линк, кој внимателно ќе го прочитате и ќе се потрудите успешно да одговорите на барањата во него.

  6. Наставниот лист може да го испечатите (или прецртате во вашите тетратки, како и досега). По завршување на задачите, да се слика и да се испрати на мојот viber (како и досега) или на е-маил адреса jovankaarsenovska@yahoo.com
    Потоа добивате моја повратна информација на сработеното (како и досега). Обрнете внимание на истата, внимателно прочитејте : што е сработено успешно, на што треба да обрнете поголемо внимание за да се појасни, а што грешите - за да вежбате повеќе и да се подобрите во иднина.
    *Дополнување: За утре подгответе неколку првоаприлски шеги и маски за маскирање :)
    Ви посакувам успешна работа!

thumbnail

Природни науки II одд.- Приказна за сенките - презентација - Маре Стојковскa

Превземете ја презентација од следниот линк:

https://drive.google.com/file/d/1MXsFZ-T0rpmy1cCrD7RrZiyd8X2OLBZA/view?usp=sharing
thumbnail

Историја VIII одд.Наставна содржина:Истакнати дејци на МРО. Горан Павлоски

Наставна содржина: Истакнати дејци на МРО

Цели:
- Да се знае за животот, делото и значењето на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов, Пере Тошев и Јане Сандански

Активности:
- Гледајте ги видеата на следниве линкови:
https://www.youtube.com/watch?v=iB2sr7PjMnE&t=45s

https://www.youtube.com/watch?v=DFOT5ZFtU7U&t=64s

https://www.youtube.com/watch?v=T2Z7JmamKNs&t=46s

https://www.youtube.com/watch?v=y-2z_zJXP3s&t=38s

https://www.youtube.com/watch?v=Z9LdNApWkEk&t=44s

- Пополнете ја табелата во следниов Word документ
https://docs.google.com/document/d/1ij7RpdwDCLpJyCQcxw2yhDlEm3smCsK1/edit
thumbnail

Ликовно образование IV-1ц одд. Дизајн- маска за Априлијада




Дизајн- Маска за Априлијада
(комбинирање различни материјали и техники)

Утре е вашиот омилен празник- 1 Април: Априли- ли- ли!

Да бидеме креативни и да ги изработиме најубавите маски!

Задача:
  •     Изработете маска за „1 Април-Денот на шегата“-дизајн по ваш избор;   
  •  Користете различни материјали: картон, колаж, темперни бои, фломастери, листови во боја, пердуви, мониста, волница...
  •  Фотографирајте ја вашата маска, испратете ја (во групата IV-1 или на мојата e-mail адреса: rozatancheska@gmail.com), а потоа вие сами ќе гласате за избор на најубава маска!
  •   Најубавата маска ќе ја наградиме со постирање на фотографијата на овој блог!·      
  • Уживајте во работата и не заборавајте да смислите и некоја шега со која ќе измамите насмевка на лицето на вашите најмили!😊

  
Мала помош: Видео со идеи за маски!!! 






thumbnail

Проекти Од Информатиката 8 Одд Изработка 2 Проект во Power Point


Проекна задача за изработка на проект во програмата Power Point


Здраво ученици од 8 одд, јас ви изработив еден WORD документ во кој ви се дадени насоки чекор по чекор како треба да се изработи вашата Power Point презентација која ќе биде на тема “Во здраво тело здрав дух“

WORD документот со насоките за проектот ќе ја превземете (download) на следниов     [ LINK ].


!!!Важно!!! Рокот за доставување на презентациите е до Сабота 04 .04.2020 до 19:00 часот.

Презентацијата сними ја под име “Во здраво тело здрав дух име презиме и одд клас“ и испрати ја на е-маил petarbratstvo@gmail.com 

 Или на facebook како Petar Ristoski и ќе ми ја испратите по порака на mesenger.

Доколку наидете на некои потешкотии во изработка на проектоте (презентациите) убаво е да си го видите видеото во ке јас ви ги отценувам и разгледувам ваши презентации и во кое ви демонстрирам како да вметнете работи кои ви недостасуваа во вашите проекти  [ВИДЕО].


thumbnail

Разложување на линеарни израза од обликот x ± n на множители

Разложување на линеарни израза од обликот x ± n на множители


           Во претходната лекција разгледувавме производ од два линеарни изрази од облик (x±n), при што добивавме квадратна равенка. Во денешнава лекција ќе одиме во обратна насока, од квадратна равенка да дојдеме до производот на два линеарни изрази од облик (x±n). Затоа најпрво ќе ја погледнете презентацијата која ви ја подготвив на следниот link .


Постојат и други начини за решавање квадратни равенки со разложување. Еден пример ви е образложен на следното video .


Задачите од презентацијата, што треба да ги решите сами, можете да ги решавате по ваш избор од двата начина приложени во презентацијата и во видеото (кое ви е полесно)


Домашната ќе ми ја пратите во период од 20-21часот.
Учениците кои не можат да ги решат задачите од презентацијата да ги пререшат примерите 1 и 2 на стр.183 од учебникот

Напомена: Во период од 15 до 17 часот ќе ве контактирам во група, за да разјасниме нејасни работи доколку сакате да прашате. Контактот ќе биде со следниов распоред:

IX1 - од 15 до 15.30 часот
IX2 - од 15.30 до 16 часот
IX3 -од 16 до 16.30 часот
IX4 - од 16.30 до 17 часот
thumbnail

Македонски јазик- 5 одд./ Граматика-Квиз / Весна С.Соломоновска

Покрај останатите задолженија за денес, можете да ги проверите своите стекнати знаења од јазик што ги изучивме од второ полугодие до сега на следниов  Link

Monday, March 30, 2020

thumbnail

4одд.ликовно образ.Оливера Велеска

По повод денот на шегата 1ви Април ќе изработиме првоаприлски маски.Kако помош ќе ви биде ако погледнете некое видео  на       youtube                   
Потоа земете потребен матријал: картон,хартија во боја, боички,некакви украси(ленти,пердуви,бисери)и изработете маска.Бидете креативни дoдадете ваши идеи.На крајот сликајте се со вашите изработки.и испратете ги на оваа меил адреса ole-oli@live.comПријатна и забавна работа.                                                           
thumbnail

Хемија: Добивање соли од метали и киселини

Наставна тема: Добивање на соли
Наставна содржина: Добивање соли од метал и киселина
Дел од начините за добивање соли  се следните:

  • метал + киселина   = сол + водород
  • метален оксид + киселина = сол + вода
  • метален хидроксид + киселина =  сол + вода ( реакција на неутрализација)
  • метален карбонат + киселина  = сол + вода + јаглерод диоксид
Добивање соли од метал и киселина
Пример 1.   магнезиум +  хлороводородна   киселина  = магнезиум хлорид + водород
               2. железо +  сулфурна  киселина = железо (II) сулфат + водород

Да се погледне видеото на www. youtube.com/watch?v=Oq4wc3u46Y&feature=youtu.be

 Задача: Да ги напишете хемиските равенки за текстуалните  равенки од примерите 1 и 2
( задачите да ги испратите на e - mail  до 3-04  - 2020)



·        
thumbnail

Македонски за II одд. - Обработка на лектирата „Снежана“ - Јованка Новеска

  1. Некогаш одамна си живееле двајца браќа, Јакоб и Вилхелм Грим, кои објавиле книга со бајки заедно во 1812 година со која што станале познати. Јакоб (1785-1863) и Вилхелм грим (1786-1859) студирале право и биле водечки фигури во Романтичарското движење во Германија, но станале популарни благодарение на нивната книга „Children’s and Houshold Tales”.Во колекција на волшебни приказни како Црвенкапа, Јованче и Марија, Заспаната Убавица, Пепелашка и Трнорушка, некои од приказните имаат брутална содржина, доброто секогаш  го надвладува злото.Сепак, луѓето непрестано се запрашуваат дали овие бајки се за деца.

  2. Снежана била преубава принцеза, на која токму нејзината убавина и предизвикала големи непријатности.
  3. *Тема на оваа бајка, за која раскажуваат писателите - браќата Грим: 
  4. „Често зависта, лошотијата и грубоста му се спротивставуваат на добрината, но доброто секогаш победува. 
  5. *Идеја Волшебни и прекрасни се световите во кои се води постојана борба меѓу спротивностите. 
  6. Читајќи ја бајката, од неа  извлекуваме
  7. *Порака Доброто секогаш победува! Животот не е секогаш лесен и успешен, но сите ние мораме да се потрудиме, како Снежана,седумте џуџиња и принцот да го направиме поубав за другите ... и за себе..... 
На вашите родители (сестри или братчиња), ќе се потрудите да им ја прераскажете накратко лектирата (најбитните настани/случки), при што ќе внимавате настаните да ги прераскажувате по редослед како што се случиле.
Во вашите тетратки за почетно пишување, ќе прераскажете една случка, која најмногу ви остави впечаток. Притоа обрнете внимание на правилно и уредно пишување на ракописните букви (убав ракопис) и правилно пишување на зборовите (да не пропуштате букви). Прочитајте го напишаното на глас.(вежбате читање и се проверувате дали добро е напишано).
Потоа превземете го наставниот лист на следниот линк кој внимателно ќе го прочитате и ќе се потрудите успешно да одговорите на барањата во него:
Време - кога се случило дејството во приказната/бајката „Снежана“.
Место - каде се случува дејството во приказната/бајката „Снежана“.
Под секоја од дадените фотографии(ликовите во приказната), да напишете дали е главен лик или е спореден лик.
Надворешен опис на главниот лик: Во петте правоаголничиња, да напишете зборови кои го опишуваат надворешниот изглед на главниот лик (пример. боја на коса или очи, боја на облека и изглед и друго).


Наставниот лист може да го испечатите (или прецртате во вашите тетратки, како и досега).По завршување на задачите, да се слика и да се испрати на мојот viber (како и досега) или на е-маил адреса jovankaarsenovska@yahoo.com
Потоа добивате моја повратна информација на сработеното (како и досега). Обрнете внимание на истата, внимателно прочитејте : што е сработено успешно, на што треба да обрнете поголемо внимание за да се појасни, а што грешите - за да вежбате повеќе и да се подобрите во иднина.

Ви посакувам успешна работа! 


thumbnail

Математика за II одд. - 3 Д форми - Презентација и наставен лист - Јованка Новеска

На почеток, уште еднаш да се потсетиме :  Што се 2Д , а што 3Д форми? Потоа именувајте неколку 2Д и 3Д форми. Во продолжение погледнете ја презентацијата за 2Д и 3Д форми и  нивна примена во секојдневниот живот. Истата превземете ја на следниот линк.
Потоа преминете на решавање на наставниот лист, притоа обрнете внимание т.е. читајте внимателно што се бара, за да одговорите успешно на барањата. Наставниот лист превземете го на следниот линк.

Наставниот лист може да го испечатите (или прецртате во вашите тетратки, како и досега).
По завршување на задачите, да се слика и да се испрати на мојот viber (како и досега) или на е-маил адреса jovankaarsenovska@yahoo.com

Потоа добивате моја повратна информација на сработеното (како и досега). Обрнете внимание на истата, внимателно прочитејте : што е сработено успешно, на што треба да обрнете поголемо внимание за да се појасни, а што грешите - за да вежбате повеќе и да се подобрите во иднина.

Ви посакувам успешна работа!



thumbnail

Математика / 5 оод. / Редослед на операции/ Весна С.Соломоновска


   МАТЕМАТИКА:      
                     Редослед на операции и користење загради за подредување на операциите
Ваквото решавање на овој броен израз е неточно!!!
Не е запазен правилниот редослед  на извршување на операциите и резултатот не е точен.
   Кога треба да решиме математички броен израз во кој има повеќе операции треба да знаеме по кој редослед да ги извршуваме операциите, во спротивно би добиле неточен резултат.
Ајде да го решиме следниов броен израз: 24 + 6 : 2 –( 1 · 4)=   
                                                                = 30 : 2 – (1 · 4) =    
                                                                   =15 –( 1 · 4) =
                                                                   = 15 - 4 = 11

Редоследот на извршување на операциите  е следен:
1.Секогаш прво пресматај ги деловите во загради;
2.Потоа помножи и подели. Пресметувај од лево кон десно;
 3.Потоа собери и одземи. Пресметувај од лево кон десно.
(Ако во бројниот израз има дропка, најпрво неа треба да ја претвориме во децимален број).
 Почитувајќи го редоследот на операциите доаѓаме до точен одговор!
Да го решиме истиот броен израз почитувајќи го точниот редослед на извршување на операциите:
            24 + 6 : 2 – ( 1 · 4)=
           = 24 + 6 : 2 – 4=       
          = 24 + 3 – 4 =
            =27 – 4 = 2
           Разгледајте ги примерите во учебникот на стр. 48
      → Реши ги постапно следниве бројни изрази:
а) 13 – 20 : 5             б) 45 + (100 – 37) · 12         в) 35 : (11 - 6) · 12        г) 40 : 4 – 24 : 6

Домашна работа: Работна тетратка, стр. 24
Одд. наставник: Весна С.Соломоновска

Powered by Blogger.